• сабота, 21 февруари 2026

Артета: Арсенал го заработи правото да игра во четири натпреварувања одеднаш

Артета: Арсенал го заработи правото да игра во четири натпреварувања одеднаш

Лондон, 28 јануари 2026 (МИА) - Пред натпреварот на Арсенал од осмото коло во Лигата на шампионите против Каират, тренерот Микел Артета, нагласи дека тимот ќе остане фокусиран на победите.

- Реакцијата на домашниот пораз од Манчестер јунајтед за време на викендот беше одлична. Направивме пауза за да се оладиме, да застанеме и да размислиме. Се прашавме што треба да правиме во следните четири месеци. Беше многу охрабрувачко и убаво. Заклучокот е едноставен: го заработивме правото да играме во четири натпреварувања одеднаш. Ќе играме против Каират со храброст и самодоверба во победата. Кога сакате да остварите сон, од него ќе произлезат неверојатни работи за 10 месеци. Тоа е единствениот начин да го живеете. Најдобрата шанса да го постигнеме она што го сакаме е да ја фокусираме целата наша енергија во оваа насока, изјави Артета за сајтот на УЕФА.

Натпреварот Арсенал - Каират ќе се одржи на стадионот „Емирати“ во Лондон вечер со почеток во 21 часот.

Арсенал е лидер во Лигата на шампионите на УЕФА со 21 бод и има изборено директен пласман во осминафиналната рунда. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан