• недела, 07 април 2024

Арсоски: Димитриевски ќе  влезе во вториот круг на претседателските избори и има шанси да победи

Арсоски: Димитриевски ќе  влезе во вториот круг на претседателските избори и има шанси да победи

2 март 2024 

"Извршени се сериозни анализи во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ние дојдовме до еден заеднички заклучок дека господинот Максим Димитриевски не само што ќе учествува на претседателските избори, туку тој е човек којшто ширум Македонија, а ние сме постојано присутни низ гадовите и селата, е апсолутно прифатлив и посакуван за иден Претседател на Македонија.

Максим Димитриевски е познат во јавноста  и по тоа што не само што има искуство на државна сцена во политиката како член  на Собранието и претседател на Комисијата за безбедност и одбрана,
тој  исто така е познат и по тоа што имал морална храброст да се спротивстави на сопственото раководство, тогашното СДСМ, кога СДСМ беше во зенитот на својата моќ, поради идеолошки принципиелни ставови. Tоа беше после она несреќно интервју на Зоран Заев за БГНЕС, па договорот за добрососедство со Бугарија. Максим Димитриевски имаше и морална храброст
и цврстина и убеденост дека може да оди наспроти овие текови.  Ние од Движењето ЗНАМ мислиме, но слушајќи ги и граѓаните,  дека тој има сериозни шанси да влезе во втор круг. Тој се докажал не само на државно, туку и на локално ниво. Да ве потсетам само дека кога цело СДСМ во
зенитот на својата моќ се сврте против него, тој имаше доволно сили да се повика на граѓаните во Куманово, да излезе на избори и со поддршка на граѓаните да победи наспроти силна структура и на СДСМ и на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ. И не само тоа, можеби поважно е, а не е толку познато за
јавноста, тој има доволно и човечка и политичка ширина да ги повика сите партии во Куманово, противници  на изборите, да предложат проекти од нивни програми доколку се изводливи финансиски реални, остварливи, да ги инкорпорира во општинската програма за работа и да ги реализира и да го доведе Куманово, којашто е најголема општина во Македонија, којашто е Македонија во мало по етнчкиот состав, од една тешко задолжена општина во една од најуспешните општини. Значи човекот се покажа и на државно, меѓутоа и како  успешен менаџер и на локално ниво. Ние сметаме дека тој ќе има сериозна поддршка од граѓаните  и дека ќе влезе во втор круг. Димитриевски ќе влезе во вториот круг на претседателскитеизбори и има шанси да победи“, рече потпреседателот на Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, Павле Арсоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.


Со почит,
Сектор за односи со јавност
Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија

фото:МИА архива 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан