• сабота, 23 ноември 2024

Арсовска: Да се биде на браникот да се спречи изградба на несоодветни објекти е важно, но треба да се внимава и на другите фактори

Арсовска: Да се биде на браникот да се спречи изградба на несоодветни објекти е важно, но треба да се внимава и на другите фактори

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Да се биде на браникот да не се овозможи сеизмички несоодветни објекти да се градат е навистина многу важно. Меѓутоа важно е исто атка да се имаат предвид и сите останати фактори што треба да ги имаме сметајќи го развојот на нашиот град. А тоа е да се внимава и на хуманото развивање, на хуманото градење и на тоа градот Скопје да биде пред се град што ќе се развива планирано, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешното обраќање при одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, организиран од страна на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Таа апелираше сите да го подигнат гласот и секогаш луѓето да ја дадат својата експертиза таму каде што е неопходно и секој да го направи тоа што мисли дека може за развивање на градот Скопје.

-Градот Скопје како град на солидарноста знае што значи да се биде помогнат во вакви трагични моменти и затоа сме и меѓу првите коишто и реагираат на сите наши соседи, пријатели, пријателски држави и градови кога се наоѓаат во слична ситуација, ефектуирани од некоја природна непогода, рече Арсовска. сх/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан