Арсенал ќе му понуди нов договор и повисока плата на Габриел
- Лондонски Арсенал ќе му понуди нов и побогат договор на бразилскиот дефанзивец Габриел (27) откако се појавија информации дека саудискиот клуб Ал-Наср, за кој настапува Португалецот Кристијан Роналдо, сака да го ангажира во своите редови.

Лондон, 27 март 2025 (МИА) – Лондонски Арсенал ќе му понуди нов и побогат договор на бразилскиот дефанзивец Габриел (27) откако се појавија информации дека саудискиот клуб Ал-Наср, за кој настапува Португалецот Кристијан Роналдо, сака да го ангажира во своите редови.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета сака да ги задржи клучните играчи по секоја цена, а централниот бековски пар Габриел и Вилијам Салиба го претставуваат столбот на одбраната на Арсенал, објавија британските медиуми.
Договорот на бразилскиот интернационалец со лондонскиот клуб е до крајот на јуни 2027 година, но проблемот е што тој е меѓу најслабо платените играчи во клубот, со заработка од 6,2 милиони евра по сезона.
Откако последните години многу фудбалски ѕвезди заминуваат во Саудиска Арабија, привлечени од баснословни плати, раководството на Арсенал се обидува да го спречи тоа и на Габриел ќе му понуди значително побогат договор, истакнуваат британските медиуми.
Габриел пристигна во Арсенал летото 2020 година од Лил за 26 милиони евра. ег
ФОТО: Фејсбук