• недела, 21 јули 2024

Арсенал размислува за размена на Лаказет со Лемар од Атлетико

Арсенал размислува за размена на Лаказет со Лемар од Атлетико
Лондон, 21 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал и членот на Ла Лига, Атлетико можат да направат размена на играчи на крајот на сезоната, објави шпански „Ас“. Постои можност дека напаѓачот на „топџиите“ Александар Лаказет да се пресели во мадридскиот клуб, а играчот од средниот ред Том Лемар да продолжи во спротивна насока. Арсенал ја разгледува можноста за ваква размена, додека Атлетико, беше подготвен да го финализира овој договор уште во јануари. зс/

Остани поврзан