• недела, 22 декември 2024

Арсенал и Норвешка еден месец без Одегард

Арсенал и Норвешка еден месец без Одегард


Осло, 11 септември 2024 (МИА) – Фудбалерот на лондонски Арсенал и на норвешката репрезентација Мартин Одегард, поради повреда на левиот скочен зглоб ќе биде надвор од фудбалските терени околу еден месец.
„Според првите информации што ги добив од Лондон, а по магнетната резонанца, голема е веројатноста да немало скршеница на скочниот зглоб. Ова е добра вест, но речиси сигурно зборуваме за пауза која ќе трае околу четири недели“, изјави денеска докторот на норвешката фудбалска репрезентација.
Одегард се повреди на натпреварот од Лигата на нации меѓу неговата Норвешка и Австрија.
„Болките при вакви повреди се многу силни. Можам да кажам дека во случајот Одегард беа исклучително силни. Верувам дека нема ништо нема да се искомплицира за време на закрепнувањето, додаде докторот.
Одегард не клупско ниво ќе ги пропушти дуелите на Арсенал против Тотенхем и Манчестер сити во Премиерлигата, како и на стартот од Лигата на шампионите против Аталанта. ег

Остани поврзан