• петок, 05 декември 2025

Арсенал го победи Манчестер јунајтед во дербито на првото коло од Премиер лигата

Арсенал го победи Манчестер јунајтед во дербито на првото коло од Премиер лигата

Манчестер, 17 август 2025 (МИА) – Арсенал го победи Манчестер јунајтед попладнево на гости во првото коло од Премиер лигата со 1:0.

Победничкиот гол го постигна дефанзивецот на „топџиите“, Рикардо Калафиори. Италијанецот постигна гол по корнер во 13. минута.

Во следното коло лондонци ќе бидат домаќини на Лидс на домашен терен. Натпреварот ќе се одржи на 23 август.

Манчестер Јунајтед ќе игра против Фулам на гости на 24 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан