• петок, 28 февруари 2025

Аргентинскиот тинејџер Ечевери пристигна во Манчестер сити

Аргентинскиот тинејџер Ечевери пристигна во Манчестер сити


Манчестер, 28 февруари 2025 (МИА)-Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити објави синоќа дека младиот аргентински играч за врска Клаудио Ечевери (19) пристигнал во клубот и ќе му биде на располагање на тренерот Пеп Гвардиола до крајот на оваа сезона.
Ечевери потпиша за Сити уште во јануари минатата година, но до сега остана на позајмица во матичниот клуб Ривер Плата.
На неодамнешното Светско првенство за играчи до 20 години, Ечевери беше капитен на младата аргентинска репрезентација и со шест голови беше најзаслужен за пласманот во финалето, во кое Аргентина загуби од Парагвај.
На Манчестер Сити до крајот на оваа сезона му останува да се бори за место во Лигата на шампиони следната сезона, но и да се обиде да го освои ФА Купот. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан