• четврток, 20 март 2025

Аргентина без Лаутаро Мартинез против Бразил и Уругвај

Аргентина без Лаутаро Мартинез против Бразил и Уругвај


Буенос Аирес, 20 март 2025 (МИА) – Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави синоќа аргентинската Федерација.
Фудбалерот на Интер, минатата недела во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони против Феенорд остана на клупата поради болки во мускулите.
Дваесетиседумгодишниот Мартинез се врати во составот на Интер и постигна гол во победата од 2-0 во Серија А над Аталанта во неделата, пред да се приклучи на аргентинската репрезентација, но сега повторно е надвор од теренот поради повреда на левата тетива.
Мартинез се приклучи на долгиот список повредени фудбалери во составот на Аргентина, вклучувајќи го и капитенот Лионел Меси, кој е надвор од теренот поради истегнување на мускулите, заедно со Гонзало Монтиел, Џовани Ло Селсо и Пауло Дибала.
Аргентина е лидер во јужноамериканските мундијалски квалификации со 25 бодови по 12 натпревари.
Актуелниот светскиот шампион и јужноамерикански првак в петок ќе игра против второпласираниот Уругвај пред да му гостуваат на петопласираниот Бразил четири денови подоцна. ег
ФОТО: Икс

Остани поврзан