• петок, 05 декември 2025

Апасиев на средба со кубанската амбасадорка заедно со Мециновиќ 

Апасиев на средба со кубанската амбасадорка заедно со Мециновиќ 

16 септември 2025 

Денес, претседателот на Левица и пратеник проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, остварија втора официјална средба со кубанската амбасадорка, Н.Е. Марија Гарсија Хордан, во целосно пријателска атмосфера, во т.н. „Струшка соба“ во Собранието на Република Македонија, се наведува во соопштето од Левица, што МИА го пренесува интегрално.

Средбата повторно помина во конструктивна атмосфера, затоа што принципите на кои се случува меѓународната комуникација се засноваат на нашата соработка со Комунистичката партија на Куба како сродна партија, но и на пријателската традиција на односи помеѓу нашите народи, и традицијата за билатерална и мултилатерерална соработка помеѓу нашите држави.

На состанокот, Левица повторно ги изрази своите ставови за позицијата на Република Македонија во однос на гласањето во Генералното собрание на ОН по точката за ставање крај на економската блокадата над Куба. Притоа, го осудивме и повторното ставањето на Куба на листата на земји кои поддржуваат тероризам, сметајќи дека тој став не ја одразува реалноста во меѓународните односи.

Разговорот заврши со дискусија за поинтензивна соработка и комуникација, како на партиско, така и на државно ниво за унапредување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Куба.

 

Левица 

Остани поврзан