• четврток, 04 декември 2025

Апасиев на воената парада на Црвениот плоштад во Москва

Апасиев на воената парада на Црвениот плоштад во Москва

Скопје, 9 мај 2025

На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот - пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку Народноослободителната борба, во која илјадници борци ги положија своите животи за слобода. Денес, кога се одбележуваат 80 години од Големата победа, наша должност е да се сеќаваме, да почитуваме и да продолжиме да се бориме против сите форми на неофашизам и ревизионизам, во духот на вистинскиот македонски антифашизам.

Со оваа посета, Левица ја потврдува својата антифашистичка ориентација и историска поврзаност со борбата на народите против окупацијата, теророт и транските режими.

Слава им на хероите!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ПП Левица 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан