• четврток, 02 мај 2024

Апасиев, Мециновиќ, Крмов,Јанчев, Мојсоска и Димески, носители на листите за пратеници на Левица

Апасиев, Мециновиќ, Крмов,Јанчев, Мојсоска и Димески, носители на листите за пратеници на Левица

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Партијата Левица на социјалните медиуми ги објави носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. 

Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар. 

Од она што може да се забележи на објавените фотографии на Фејсбук профилите на носителите на листите за пратеници, слоганот на кампањата ќе биде „Гласај за да се прашува Македонецот!“. ев/ац/

Фото: Фејсбук 

Остани поврзан