Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше исклучувањето на напаѓачот Винисиус Жуниор во натпреварот од 12. коло од шпанското првенство против Валенсија (2:1).

Мадрид, 4 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше исклучувањето на напаѓачот Винисиус Жуниор во натпреварот од 12. коло од шпанското првенство против Валенсија (2:1).
Во 79. минута Бразилецот доби црвен картон поради туркањето на голманот Столе Дмитриевски.
- Ова не беше за црвен картон. Ќе се жалиме. Голманот го испровоцира, а Вини одговори. Требаше да има жолт картон и за двајцата, и тоа е тоа, изјави Анчелоти.
Поради инцидентот, Винисиус се соочува со суспензија од 4 до 12 натпревари. зс/
Фото: ЕПА