Анчелоти: Свирежите од трибините беа како предупредување за нас
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше по победата од 5-2 (2-2 во регуларното време) над Селта во Кралскиот Куп.

Мадрид, 17 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше по победата од 5-2 (2-2 во регуларното време) над Селта во Кралскиот Куп.
„Белиот балет“ имаше два гола предност, но на крајот прими израмнувачки гол. Потоа од трибините се слушнаа свирежи кон играчите на „кралскиот клуб“, а според Анчелоти токму тие му помогнале на неговиот тим да се крене.
-Свирежите од трибините беа како предупредување за нас. Разбирлив е односот на навивачите, особено по поразот од Барселона. Кога „Бернабеу“ почна да не исвиркува, не разбуди. Кога навивачите ни помагаат, тоа е нешто посебно, изјави Карло Анчелоти. дс
Фото: Архива