Анчелоти по хет-трикот на Винисиус: Ситуацијата со Златната топка не влијаеше на него, Мбапе не постигна гол, но беше корисен
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги оцени настапите на Килијан Мбапе и на Винисиус Жуниор на натпреварот против Осасуна.

Мадрид, 9 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги оцени настапите на Килијан Мбапе и на Винисиус Жуниор на натпреварот против Осасуна.
Реал попладнево победи со 4:0 во натпреварот од 13. коло на Ла Лига. Винисиус постигна хет-трик на овој натпревар.
- Винисиус е играч кој прави разлика и ситуацијата со Златната топка не влијаеше на него, како што можеме да видиме. Мбапе се обидува. Имаше многу добри акции. Тој не постигна гол, но беше корисен во играта, што е најважно, изјави Анчелоти.
Со 27 освоени бодови по 12 одиграни натпревари Реал Мадрид е на 2. место во Шпанското фудбалско првенство. зс/
Фото: ЕПА