• сабота, 23 ноември 2024

Анчелоти: Би сакал повторно да работам со Кедира

Анчелоти: Би сакал повторно да работам со Кедира
Ливерпул, 21 ноември 2020 (МИА) - Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти изрази интерес за играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира.
  • Имам одлични спомени од соработката со Кедира. Во Реал Мадрид се покажа како вистински професионалец. Би сакал повторно да работам со него, но тој не е сам. Имаше многу одлични играчи во мојата кариера. Сепак, преселувањето тука во Евертон е друга работа за размислување, истакна Анчелоти за „Goal.com“,
Претходно, 33-годишниот Кедира проговори за својата желба да се испроба во англискиот фудбалски шампионат. Договорот на Германецот со Јувентус важи до крајот на јуни 2021 година. зс/

Остани поврзан