Анчелоти: Белингем има 20 години, а изгледа 30 поради неговиот карактер и личност
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е импресиониран од игрите на играчот од средниот ред Џуд Белингем оваа сезона.
Мадрид, 4 октомври 2023 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е импресиониран од игрите на играчот од средниот ред Џуд Белингем оваа сезона.
Во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите синоќа против Наполи (2:3), Англичанецот постигна гол и асистенција. Фудбалерот од средниот ред има девет натпревари за Реал Мадрид оваа сезона, осум гола и три асистенции.
- Изненаден сум што има 20 години, изгледа 30 поради неговиот карактер и личност. Тој знае што треба да направи. Овој квалитет и оваа сила се разбира, малку ги изненадува сите, изјави Анчелоти, за „AS“.
Белингем дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Трансферот чинеше 103 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА