• четврток, 21 ноември 2024

Антетокумпо грчки знаменосец на Игрите во Париз

Антетокумпо грчки знаменосец на Игрите во Париз


Атина, 12 јули 2024 (МИА) – Кошаркарската ѕвезда Јанис Антетокумпо ќе биде грчки знаменосец на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, соопшти денеска грчкиот олимписки Комитет.
На официјалната страница на Игрите пишува дека Антетокумпо – кој неодамна ја предводеше грчката кошаркарска репрезентација до пласман на Олимписките игри во Париз – во улогата на знаменосец ќе биде придружуван од Антигони Дрисбиоти, поранешната двократна европска шампионка во брзо одење.
Играчот на Милвоки Бакс два пати беше прогласен за МВП во НБА лигата, во 2019 и 2020 година, и еднаш во финалето на НБА кога тимот ја освои шампионската титула во 2021 година.
Играчот на Милвоки Бакс беше прогласен за МВП на НБА двапати, во 2019 и 2020 година, и еднаш во финалето на НБА кога тимот ја освои шампионската титула во 2021 година. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан