• понеделник, 04 ноември 2024

Ансамблот „Керамичар“ со втор завршен концерт го одбележа 70-годишниот јубилеј

Ансамблот „Керамичар“ со втор завршен концерт го одбележа 70-годишниот јубилеј

Велес, 3 ноември 2024 (МИА) - Ансамблот „Керамичар“ со синоќешниот концерт во театарот „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ во Велес, втор последователен  во изминатите два дена, ја заокружи програмата за својот 70-годишен јубилеј.

На двете концертни вечери гостуваа културно-уметнички друштва од Србија и Бугарија, а присутни беа и претставници на ансамбли од Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција кои од организаторот добија благодарници за соработка. 

Концертот синоќа го отвори Ансамблот на народни игри и песни „Танец“ од Скопје со „Тешкото“, а членовите ветерани на ансамблот „Керамичар“ настапија со „Свадба“. 

Играорците на домаќинот „Керамичар“ беа придружени од оркестарот на нивниот ансамбл и од  Оркестарот за традиционални инструменти при ОМУ „Стефан Гајдов“ под раководство на проф. Трајче Малинов. 

Томе Јаневски,  претсадетел на ансамблот „Керамичар“, во обраќањето пред многубројната публика рече дека   70 години ансамблот „го пренесува непокорот македонски преточен во мозаик на народната уметност“.

Организаторите истакнаа дека со движењата низ годините ги зачувале беспрекорните  изведби на предците и дека  од 30 ентузијасти во далечната 1954 година до денес, нивниот ансамбл  секаде каде што гостувал ја претставувал Македонија „со полно срце, со посветеност и со умешност“. ад/хс/ 

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан