• недела, 22 декември 2024

Анкета: 70 отсто Американци загрижени и фрустрирани поради изборите

Анкета: 70 отсто Американци загрижени и фрустрирани поради изборите

Вашингтон, 1 ноември 2024 (МИА) - Околу 70 отсто од Американците изјавиле дека се „загрижени“ или „фрустрирани“ поради изборите, покажа најновата анкета, пренесува Анадолија.

Анкетата на истражувачкиот центар Асошиетед прес-НОРЦ  (Associated Press-NORC) открива дека демократите и републиканците имаат слични емоции во однос на изборите. Сепак, демократите се посклони кон „анксиозност“ во споредба со републиканците.

Неопределените се исто така фрустрирани, но „помалку возбудени, помалку заинтересирани и помалку загрижени“.

Афроамериканците чувствуваат „поголема возбуденост“ во врска со натпреварот на потпретседателката Камала Харис и поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во споредба со белците, и се помалку „фрустрирани“ од кампањата.

Хиспанците, исто така, се помалку „фрустрирани“ во врска со кампањата од белците.

Американските гласачи на 5 ноември ќе одлучат кој ќе го контролира Конгресот, и дали поранешниот претседател Доналд Трамп или потпретседателката Камала Харис ќе бидат во Белата куќа. Која и да е политичката партија што ќе го контролира Претставничкиот дом или Сенатот, тоа ќе биде клучно за новиот претседател во остварувањето на законодавната програма. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан