• петок, 20 февруари 2026

Анкета: Унгарската опозициска партија Тиса има поголема поддршка од владејачката Фидес

Анкета: Унгарската опозициска партија Тиса има поголема поддршка од владејачката Фидес

Будимпешта, 27 јануари 2026 (МИА) – Резултатите од најновата анкета покажуваат дека унгарската опозициска партија Тиса и во јануари има поголема поддршка од владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Според анкетата на „Завец рисрча“ (Zavecz Researcha), поддршката за Тиса во јануари е зголемена за два отсто во споредба со ноември и изнесува 49 проценти. Додека поддршката за Фидес е зголемена за еден отсто и изнесува 39.

Само пет проценти од испитаниците изјавиле дека ја поддржуваат ултрадесничарската партија „Ми Хазанк“ (Наша татковина).

Според анкетата, спроведена од 19 до 24 јануари, Фидес има поголема поддршка кај гласачите постари од 59 години, кои живеат во селата и малите градови. Опозициската партија Тиса повеќе ја поддржуваат помладите граѓани од 39 години.

Во Унгарија на 12 април се одржуваат парламентарни избори, што се предизвик за премиерот Орбан, кој е на власт од 2010 година. Главен политички опонент на унгарскиот премиер е лидерот на Тиса, Петер Маѓар, некогашен соработник на Орбан.

И според другите анкети Тиса има поголема поддршка од Фидес.

За Орбан претстојните парламентарни избори се избор помеѓу војната и мир, а гарант за мирот е неговата Влада. Тој е познат како критичар на европската помош за Украина.

Додека Тиса ветува дека ќе ја сузбие корупцијата, ќе ги ослободи милијардите евра од замрзнатите фондови на Европска Унија да за ја поттикне економијата и да ја зајакне позицијата на Унгарија во ЕУ. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан