• понеделник, 23 декември 2024

Анкета на „Сандеј тајмс“: Само осум проценти од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин

Анкета на „Сандеј тајмс“: Само осум проценти од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин

Москва, 27 август 2023 (МИА) - Само осум проценти од Русите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на шефот на руската приватна паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, покажува анкетата што за лондонски „Сандеј тајмс“, ја изработи Институтот „Отворени умови (Open Minds) само девет часа по падот на авионот.

Рускиот истражен комитет денеска потврди дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата вечерта во областа Твер, во близина на Москва. Сите 10 патници и членови на екипажот загинаа во падот на авионот „Ембраер“, што летал од Москва за Санкт Петербург.

Истражувањето на меѓународниот тинк-тенк, покажа и дека само два отсто од поддржувачите на рускиот режим го гледаат Путин за виновник за смртта на Пригожин.

Најголем број од испитаниците, односно 28,4 отсто, сметаат дека несреќата била монтирана, додека 28,3 отсто како причина за падот на авионот ги навеле техничките тешкотии или пилотската грешка.

Интересен е фактот дека истражувањето покажува дека дури 70 отсто од испитаниците се согласиле дека Пригожин е херој на воената операција во Украина.

Рускиот претседател пред два дена потпиша Указ со кој ги повикува членовите на „Вагнер“ и другите руски приватни паравоени групи да положат заклетва за верност кон руската држава и армија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан