• вторник, 03 декември 2024

Анкета: Мнозинството Грци песимисти за ситуацијата во земјата

Анкета: Мнозинството Грци песимисти за ситуацијата во земјата

Атина, 4 октомври 2024 (МИА) – Речиси седум од десет Грци, односно 66,4 проценти од анкетираните сметаат дека ситуацијата во земјата е „доста или многу лоша“, според резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „МРБ“ за телевизијата „Опен“, додека пак оптимисти се само 11,1 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

На политичката сцена, Нова демократија е на првата позиција со 21,9 отсто, ПАСОК е втора со 12,2 проценти, а СИРИЗА е на петтата позиција зад националистичко-десничарската Грчко решение, која е трета сила во земјата и зад Комунистичката партија.

Со оглед на тоа дека в недела се изборите за лидер на Социјалистичката партија ПАСОК, резултатите од анкета покажуваат дека актуелниот претседател Никос Андрулакис е во водство со нешто помалку од два отсто пред градоначалникот на Атина Харис Дукас, кои веројатно главната битка ќе ја водат во вториот круг на 13 октомври.

Истражувањето на јавното мислење во Грција од агенцијата „МРБ“ за телевизијата „Опен“ било спроведено од 30 септември до 2 октомври со анкетиран 1.691 граѓанин. ср/ссм/

Остани поврзан