• понеделник, 23 декември 2024

Андрулакис: Ако не бев европратеник, немаше да ги сознаеме парадржавните методи на грчата Влада

Андрулакис: Ако не бев европратеник, немаше да ги сознаеме парадржавните методи на грчата Влада
Атина, 10 август 2022 (МИА) – Ако не бев европратеник, заедно со мене и целиот грчки народ немаше да ги дознаеме парадржавните методи што ги користи актуелната Влада, вели лидерот на ПАСОК-КИНАЛ Никос Андрулакис и додава дека неговата партија, како и мнозинството од демократскиот свет во земјата, на Владата ѝ ја покажуваат „вратата за излез од власта“, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис коментира дека ако не бил европратеник немаше да се дознае дека во септември 2021 година, кусо по објавувањето на неговата кандидатура за претседател на ПАСОК, почнала да го следи Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП), а неколку дена подоцна беше обидот да се инсталира софтверот Предатор во неговиот мобилен телефон. Истакнува дека во конкретниот „критичен период за демократската партија ЕИП преку неговото следење ја следеше и една цела партија, поранешни премиери, пратеници и членови на партијата“, кои биле во редовен контакт со него. -Господине Мицотакис да ги ставиме работите под ред. Вие со ЕИП незаконски ме следевте. Вие ја одолговлекувате истрагата за шпионското „супер оружје“ Предатор во Грција, со кој имаше обид да ме хакираат, а жртва беше новинарот Танасис Кукакис. Досега не е проверена фирмата што наводно е поврзана со ова. Вие избегнувате да одговорите на ѓаволската коинциденција дека неколку дена откако почна следењето на ЕИП беше и нападот против мене со Предаторот. Вие избегнувате јавно да објавите која е сериозната причина што во конкретниот период ме направи „национална опасност“, вели Андрулакис и прашува дали ова е „сатанска коинциденција или сеопфатен план за политичко истребување?“, За ставот на владиниот портпарол Јанис Иконому дека Андрулакис одбива да биде информиран, лидерот на ПАСОК-КИНАЛ објаснува дека нема да навлегува во усна дискусија, нема да ги „легитимизира незаконските практики на Владата со учество во вонинституционален процес“ и дека немам доверба во министрите, а бара целото досие да биде доставено до Комисијата за институции и транспарентност во грчкиот Парламент. ср/ссм/

Остани поврзан