• петок, 05 декември 2025

Андреевски: Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласман

Андреевски: Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласман

Скопје, 26 јули 2025 (МИА) - Селекторот на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Горан Андреевски, ги искажа своите очекувања во пресрет на почетокот на Европско првенство во Белград.

- И покрај тоа што сме свесни за нашите слабости, ние не одиме на Европското првенство со кренато бело знаме, ниту да се прошетаме во Белград. Одиме максимално мотивирани во секој натпревар, со цел да пружаме квалитетни партии и да бидеме рамноправен противник со сите. Тука не сме да се предаваме предвреме како во минатото. Напротив, размислуваме за победа на секој натпревар. Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласман. И покрај тоа што имаме најмлада репрезентација на првенството, во која дури осум играчи се 2008 годиште, ќе се обидеме со добра игра, да ги натераме противниците да нè респектираат како што ние ги респектираме, изјави Андреевски.

Ова е единствената од нашите национални селекции кои ова лето се дел од елитната конкуренција.

На ЕП Дивизијата „А“ во Белград, Македонија ќе игра во групата „Ц“, заедно со репрезентациите на Литванија, Грција, како и домаќинот на овој собир, селекцијата на Србија.

Првенството ќе игра  во периодот од 26 јули до 3 август. 

Македонија денес од 16 часот во првото коло ќе се соочи со Литванија. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан