• петок, 22 ноември 2024

Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети

Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети

Скопје, 15 март 2023 (МИА) – Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов.

Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа во змиските месеци.

- Затоа и пристигнуваат позитивните оцени, затоа што успеавме да ги амортизираме сите потенцијални ризици и шокови што ги наметна кризата со навремени мерки и исправни политики, изјави Андонов.

Потврда за енергетските политики што ги спроведува Владата, според Андонов, стигнала и од заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница во своето обраќање пред собраниската Комисија за економски прашања.

- Пред пратениците тој потенцираше дека Република Северна Македонија има доста успешно ниво на имплементација на законодавството во енергетиката и кажа дека мерките што ги презема владата во целост се добри и неопходни мерки, како и тоа дека Северна Македонија не е единствена што реагираше со субвенции и државна помош, изјави Андонов.

Поддршката од енергетската заедница, нагласи Андонов, е многу значајна и интенција на Владата е да ги разгледа сите препораки, многу сериозно и во иднина да ја продолжи одличната соработка. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан