• понеделник, 23 декември 2024

Андонов: Заинтересираните компании да се пријават на повикот од ЕСМ Продажба

Андонов: Заинтересираните компании да се пријават на повикот од ЕСМ Продажба

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден се произведени вкупно 15 554 мегават часови електрична енергија од кои 11 798 се од термоелектраните, додека 3 756 од обновливи извори на енергија. Ова производство е за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за дополнителните снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и виталните државни субјекти, соопшти денеска Виктор Андонов, соработник за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата.

Тој потсети дека вчера ЕСМ Продажба објави повик за прибирање понуди за природен гас за март. На повикот кој ќе трае до 24 февруари, може да се пријават сите домашни и странски лиценцирани и регистрирани компании. 

-Ги повикувам сите заинтерсирани компании кои можат да ги обезбедат потребните количини, во текот на наредните два дена да се пријават на повикот. Во интерес на граѓаните е да има повеќе понуди за да се изберат најповлните услови, рече Андонов на прес-конференција во Владата.

Советникот апелираше и сите што ги исполнуваат условите од јавниот повик за субвенции на сметките за струја на најранливите категории граѓани, да аплицираат и да ги остварат своите права.

-Владата обезбеди скоро еден милион евра за оваа намена. Субвенцијата е од 600 - 800 денари зависно од категоријата на домаќинствата, рече Андонов. мч/аа/

фото: Принтскрин/youtube.com

Остани поврзан