• петок, 22 ноември 2024

Андоновски: Незаконски вработувања во ЈП „Паркови и зеленило“, Арсовска да ја поништи постапката

Андоновски: Незаконски вработувања во ЈП „Паркови и зеленило“, Арсовска да ја поништи постапката

Скопје, 10 февруари 2024 -

Од податоците кои се до сега систематизирани, во моментов се отворени над 2.800 позиции и работни места. Тоа е проблематично бидејќи е направено со одлука на Владата, која одлучува дека ќе ги трансформира луѓето кои биле ангажирани на определено време или договор на дело во неопределено, но тоа не го прави со закон, туку го прави на Јавен повик. Практично има јавни повици на кои аплицираат луѓе кое веќе се знае дека ќе бидат примени, што значи дека ниту еден друг граѓанин нема шанси да учествува во тој компетитивен процес. Дел од овие постапки се комплетно незаконски и до сега стигнавме до еден сериозен податок, за ова пишуваа и дел од медиумите, но сега веќе имаме и документи.

Ова во интервју за КУРИР го истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Стефан Андоновски, кој обзнани документи, најави ревизија, но и одговорност.

-Имено станува збор за ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје, кое што има отворено бројни позиции, во јавноста проструија информации за 95, некои зборуваат дека бројката стигнува со некои огласи и до 200 вработени. За што станува збор? Добиена е согласност од МИОА за годишниот план за вработување врз основа на лажен исказ. Тоа е дека ЈП доставило доказ до Министерството дека годишниот план до денес за 2024 година, 27.10 не е ставен на седница на Совет на Град Скопје и не е донесена одлука за согласност или доставени забелешки. Ова е испратено на 27.10, а Паркови и зеленило веќе имало информација дека еден ден претходно Советот ќе одржи Седница и на таа седница нивната точка за годишниот план ќе биде 14- точка на дневен ред, значи за ова е информиран 7 дена претходно, околу 19.10. што значи дека директорот на Паркови и зеленило имал 5-6 дена да дознае дека веќе е закажана седница на која што точката за годишниот план за вработување е на таа седница, но тој и покрај тоа што го знаел, го известил министерството дека не му е дадена согласност, односно дека нема таква седница на која ќе се дискутира согласноста. За волја на вистината советот ја разгледал и не ја донел одлуката за давање согласност за годишниот план, што значи дека директорот на ЈП немал согласност за носење на годишниот план, но тој сепак го излажал Министерството и тоа му дало позитивно мислење врз основа на тоа т.н. молчење на основачот и во таа постапка тој отворил повик.

Андоновски ја повика градоначалничката Данела Арсовска и сите надлежни чинители да реагираат за овој случај.

-Ја повикувам градоначалничката на Град Скопје да ја поништи постапката како орган кој е надлежен за работата на ова Јавно претпријатие, повикувам да биде разрешен директорот на истото, а повикувам и сите институции кои се надлежни за вработувањата и инспекторатите кои се надлежни за управните постапки да постапат во овој случај и да го утврдат она до кое што ние дојдовме како информација, а тоа е дека директорот на „Паркови и зеленило“ бил информиран претходно дека ќе се одржи таква седница, но тој и покрај тоа доставил допис во кој што вели дека основачот не закажал седница и не го разгледувал ова барање.

Според него, има уште неколку сериозни прекршувања на постапката за вработување каде што се опфатени десетици луѓе.

-За сите овие предмети, за сите овие вработувања ќе следи детална ревизија во наредниот период и до изборите, но и потоа и тврдам дека сите одговорни ќе сносат одговорност, додава Андоновски.

Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан