• вторник, 19 ноември 2024

Андоновски: Незаконски вработувања во училиште во општина Чашка

Андоновски: Незаконски вработувања во училиште во општина Чашка

27 февруари 2024

На гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека Владата воспоставила систем во кој се вработува за да се задоволат исклучиво партиските барања, без внимание за нивните компетенции. Институциите  добиле обврска да ги одобрат плановите за вработување без разлика на финансиските импликации и реални потреби за вработување на луѓето кои имаат договор на определено време, наместо секое работно место да биде отворено за секој кандидат.

„Владата во Ноември одлучува дека ќе им наложи со заклучок на сите државни институции, во рок од 7 дена државните институции кои што даваат согласност за вработување наместо во рокот од 30 дена да дадат исклучиво позитивно мислење за вработување трајно вработување на луѓе кои што биле претходно вработени привремено. Со заклучок на Влада кој што оди во спротивност со законот, бидејќи законот бара вработување врз основа на мерит систем, на отворен повик и квалтиет“ , истакна Андоновски.

Во случајот со училиштето Тодор Јанев во Чашка, секретарот спротивно на закон добива категоризација Г4, иако највисока дозволена е Г2, само за да добие поголема плата. Иако не бил испочитуван законот, МИОА дало согласност, свесни дека законот се прекршува. На оваа систематизација МИОА дало согласност, иако не бил испочитуван законот. Министрите свесно го прекршувале законот, јасен индикатор е што на сите предмети нема потпис од лицето кое го изработило предметот. Тоа значи дека административниот службеник укажал на незаконитоста и подготвувал негативно мислење, додека од страна на кабинетите се подготвувале и доставувале позитивни мислења, потенцира Андоновски.

„Ваков пример е училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка каде што имаше протести поради незаконско постапување на директорот, во кој што незаконски се утврдува категоризација Г4, која што е недозволено за секретар на училиштето. За да може да се вработи секретарот и да добие повисока плата“, објаснува Андоновски. Андоновски повика веднаш да постапат институциите, а градоначалникот да ја поништи систематизацијата во училиштето и да побара одговорност.

 Апсурд е дека државата се тужи самата себе

На гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека поради неисполнување на законски обврски за исплата на средства за финансирање на радиодифузна дејност, АВМУ го тужи МИОА во вредност од најмалку 90 илјади евра.

„Државата кон АВМУ има 90 илјади евра долг заради тоа што не се усогласила со законот што сама го донела. Гледајќи дека не ги исплаќа парите, АВМУ ја тужи МИОА и бара скоро 4,9 милиони денари за надомест на штета.“ , истакна Андоновски. Според Андоновски, ниту Министерот за информатичко општество и администрација предвидел буџет, ниту Минстерството за финансии одобрило, а сепак донеле таков закон.

Според Андоновски, институциите се тужат меѓусебно, се предизвикува штета на буџетот и се прават судски, адвокатски, нотарски трошоци и трошоци за вештачења заради неодговорност на поединци. Потребно е за секоја ваква штета да се утврдува и индивидуална одговорност, за поединците да постапуваат одговорно. Доколку виновен е некој министер, тој треба да ги сноси трошоците.

„Во каков апсурд живееме дека државата сама себе се тужи една институција со друга, само поради тоа што не почитува директива на ЕУ која што самата ја имплементирала во закон. Ќе зборуваме за ЕУ во следниов период во кој што ништо немаме применето во пракса и се тужиме едни со други, а ќар имаат само нотари, адвокати, вештаци кои што изработуваат и судот го оптеретуваме со тужби едни кон други“, потенцираше Андоновски.

Измената е направена по барање на ЕУ и согласно директивата за аудиовизуелни медиумски услуги. По измените од 2017 година, Владата имаше дискреционо право да одлучува дали ќе ја исплати законската сума или не, со што исплатите беа до 40% помалку од законскиот минимум и со тоа „ги казнуваа“ за непослушноста и несервилноста. Денес се избриша одбредбата со која тоа се овозможуваше, но очигледно навиките тешко се искоренуваат и со неплаќањето Владата прави обид да влијае на уредувачката политика на МРТ и да се влијае на независноста на АВМУ, смета Андоновски.

„Се очекува и тужба од МРТ. Тука се работни за десеткратно поголема сума.“

Видео: https://youtu.be/1HYEVi1K-ag?si=TZ4xrNF94n5SSWra

Стефан Андоновски

Дополнителен заменик на Министерот за информатичко општество и администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан