• четврток, 04 декември 2025

Андоновска: СДСМ да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Андоновска: СДСМ да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

08.11.2025

Доколку СДС сака да го продолжи својот политички опстанок, Филипче треба да си поднесе оставка, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално. 

интегрален текст од прес-конференција

Викторија Андоноска 

Нереформираната СДС предводена од Филипче во сенката на Заев, доживеа историски дебакл на овие избори.

Владеењeто на Филипче и Заев со СДС, ја доведе партијата до колапс, а за тоа сведочи и исходот од овие локални избори на кои СДС освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници. Истовремено ги изгуби и своите некогашни бастиони.

Се дури СДС е управувана од дуото Филипче-Заев, партијата е далеку од било каква можност за прогрес, консолидација и реформација.

За СДС, неопходен е прекинот на папочната врвца со Филипче и Заев, ако сака политички да преживее.

Доколку СДС сака да го продолжи својот политички опстанок, Филипче треба да си поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. 

Македонија има потреба од силна опозиција, надвор од периметарот на Филипче и Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан