• сабота, 29 јуни 2024

Андов го објави списокот на повикани фудбалерки за натпреварите со Молдавија

Андов го објави списокот на повикани фудбалерки за натпреварите со Молдавија

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) – Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Александар Андов го објави списокот со повикани фудбалерки за претстојните мечеви со Молдавија.

На списокот на Андов се наоѓаат:

голмани: Берна Кабакчи, Викторија Панчурова и Кристина Павловска;

одбрана: Ана Милчевска, Елена Паневска, Павлинка Николовска, Христина Јошевска, Ихмете Лимани, Ане Бошевска и Кристина Мојсовска;

среден ред: Радица Велкова, Наташа Андонова, Ленче Андреевска, Маријана Нацева. Симона Мајер, Александра Марковска, Хава Мустафа и Едина Мехмеди;

напад: Лора Сулејмани, Јилза Максути, Афродита Салихи и Веса Села.

Натпреварите со Молдавија (31 мај во Скопје и 4 јуни во Кишињев) се во рамките на групата 2 од лигата Ц во квалификациите за пласман на Европско првенство 2025. зс/

Остани поврзан