Англија без победа на шест натпревари по ред за прв пат по три децении
- Фудбалската репрезентација ја продолжи серијата без победа. Во последното коло од групната фаза на Лигата на нации, избраниците на селекторот Герет Саутгејт синоќа ремизираа со Германија 3:3.

Лондон, 27 септември 2022 (МИА) – Фудбалската репрезентација ја продолжи серијата без победа. Во последното коло од групната фаза на Лигата на нации, избраниците на селекторот Герет Саутгејт синоќа ремизираа со Германија 3:3.
Англичаните немаат добиено шест натпревари по ред (три порази и три нерешени).
На ова натпреварување Англија постигна четири гола, а прими 10. Двапати загуби од Унгарија (0:1, 0:4), а загуби и од Италија (0:1). Три нерешени - против Германија (1:1, 3:3) и Италија (0:0).
Последен пат Англија беше без победа на шест натпревари по ред во 1993 година.
Британците по резултатите од последното коло испаднаа во Лигата Б од Лигата на нации. зс/