• понеделник, 24 јуни 2024

Англичаните ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула

Англичаните ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула


Лондон, 16 јуни 2024 (МИА) – Англиските репрезентативци ќе добијат бонус од 9,6 милиони фунти доколку ја освојат титулата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија.
Информацијата денеска ја објави лондонски „Сан“.
Според истиот извор, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно ќе добие бонус од четири милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕВРО2024.
Англија вечерва го почнува настапот на ЕВРО2024 против Србија.
Избраниците на Саутгејт на 20 јуни ќе играат со Данска, а на 25 јуни со Словенија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан