Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
- Се става под контрола пожарот што претпладнево ги зафати бараките „лепенки“ во населбата Карпош, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. -Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, објави Ангелов на фејсбук профилот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Се става под контрола пожарот што претпладнево ги зафати бараките „лепенки“ во населбата Карпош, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
- Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, објави Ангелов.
Нема информации за повредени или настрадани лица, наведе Ангелов. вг/са/
Фото: принтскрин