• недела, 22 декември 2024

Ангеловски: Одиме да се надигруваме со Колштад

Ангеловски: Одиме да се надигруваме со Колштад

Колшатд, 6 март 2024 (МИА) - Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер утре гостува во Норвешка во последниот свој натпревар сезонава во Лигата на шампионите.

Надеж дека битолчани ќе дојдат до првите бодови на дуелот со Колштад изрази тренерот Бранислав Ангеловски.

- Нема небитен натпревар во Лигата на шампионите. Од оваа сезона треба да извлечеме поука за во иднина да бидеме поконкурентни. Во последното коло се среќаваме со Колштад, одиме да се надигрување со нив и да извлечеме добар резултат. Мора да играме максимално во сите 60 минути. Битола се покажа дека може да организира натпревари од Лигата на шампионите. Не ми е сеедно што ја завршуваме сезоната вака, тоа не е лесно, но ние сме екипа со најмал буџет во ЛШ. Треба да гледаме напред. И јас сакам да бидеме како Вардар, но мора да се потенцира дека тоа беше национален проект. За нешто поголемо треба многу повеќе финансии, истакна Ангеловски.

Натпреварот се игра утре со почеток во 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер ги загуби сите 13 средби од почетокот на сезоната во елитното натпреварување. зс/

Остани поврзан