• четврток, 26 март 2026

Ангеловски нов тренер на Етникос Ахнас

Ангеловски нов тренер на Етникос Ахнас

Ахна, 2 октомври 2025 (МИА) - Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е нов тренер на  Етникос Ахнас од Кипар.

Ангеловски кој е поранешен селектор на македонската фудбалска репрезентација во текот на својата тренерска кариера има работено и во работнички, Горица (Хрватска) и Каспиј (Казахстан).

Прв помошник на Ангеловски во новата клупска средина ќе биде Милан Илиевски.

Се очекува Ангеловски на клупата на Етникос Ахнас да дебитира претстојниот викенд. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан