• четврток, 21 ноември 2024

Ангеловски: Настапот во ЛШ е потврда за нашата клупска сериозност

Ангеловски: Настапот во ЛШ е потврда за нашата клупска сериозност

 

Битола, 28 јуни 2024 (МИА) – Настапот во Лигата на шампиони (ЛШ) носи голема одговорност на организициски и резултатски план, оцени тренерот на макеоднскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски по вчерашната жрепка за групната фаза во елитното европско ракометно натпреварување.

„Повторно сме во кремот на европскиот и светскиот ракомет и повторно ѕвездата ќе свети во Битола и во Македонија. Иако шампионот на Македонија беше под линијата која гарантира директно учество во Лигата на шампионите, ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност. Благодарение на нашата целокупна организација на натпревари од највисок ранг, на нашата коректна публика, заедно со нашите верни навивачи „Чкембари“, кои секогаш несебично не бодреа до последна секунда и на крај искрено ја честитаа победата на гостите, сосема заслужено ни ја додели „вајлд-картата“ за повторно учество. Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти од нашиот спорт, вклучувајќи ги и резултатите“, изјави Ангеловски за клупскиот сајт.

Вчерашната жрепка со смести Еурофарм Пелистер во групата Б во која за противници ги доби Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредериција, Фуксе Берлин, Спортинг и Динамо Букурешт,

„Ова е еден огромен чекор напред и со играњето во Лигата на шампионите на македонскиот шампион, успеавме да го задржиме континуираното играње на македонскиот шампион во најдоброто натпреварување“, додаде стратегот на Еурофарм Пелистер. ег ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан