• недела, 19 мај 2024

АНА-МПА: Акција за спасување на брод со околу 500 мигранти кај Крит

АНА-МПА: Акција за спасување на брод со околу 500 мигранти кај Крит
Атина, 22 ноември 2022 (МИА) – Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит во тек е акција на грчката крајбрежна служба за спасување на голема група мигранти, кои преку бројот за итни повици 112 побарале помош и рекле дека се околу 500 лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации,мигрантите се пренесуваат со рибарски брод, а во нивна близина се два товарни брода, еден танкер и два италијански рибарски чамци, додека пак спасувачката акција дополнително ја отежнува силниот ветер со јачина до седум бофори. ср/сд/

Остани поврзан