• понеделник, 23 декември 2024

Анализа на американската НСА: Кина ќе продолжи да соработува со Русија за да им се спротивставува на САД

Анализа на американската НСА: Кина ќе продолжи да соработува со Русија за да им се спротивставува на САД

Вашингтон, 8 март 2023 (МИА) - Кина ќе продолжи да соработува со Русија во обидот да им се спротивстави на САД, и покрај меѓународната загриженост за конфликтот во Украина, се наведува во анализата на американската Национална разузнавачка агенција (НСА).

Оваа анализа, објавена денеска, се најде во годишниот извештај на Комитетот за безбедност на Сенатот, посветен на глобалните закани за САД.

Извештајот на сенатскиот Комитет за безбедност се фокусираше на заканите што ги претставуваат Кина и Русија за безбедноста на САД

„И покрај глобалната осуда на руската инвазија на Украина, Кина ќе продолжи да соработува со Русија на дипломатско, безбедносно, економско и технолошки полиња и нема да престане да им се спротивставува на САД“, се наведува во извештајот на сенатскиот Комитет, пренесуваат британските медиуми.

Во документот се оценува дека Кина ќе продолжи да ја користи својата воена моќ и други средства за контрола во Јужното Кинеско Море, вклучувајќи ги поморските активности во Тајванскиот теснец и воздушните и ракетните прелети над Тајван.

Во извештајот се оценува дека Русија веројатно не бара конфликт со САД и НАТО, но дека војната во Украина носи „висок ризик“ тоа и навистина да се случи.

Директорката на НСА, Аврил Хејнс,, која е и советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, „Кина останува незаменлив приоритет“ за американските безбедносни служби бидејќи прави се за да ја прошири својата моќ и влијание на штета на САД.

-Следните неколку години се критични и стратешкиот натпревар со Кина и Русија ќе се интензивира, предупреди директорката на НСА. сд/

Остани поврзан