• четврток, 26 март 2026

АМСМ: Умерен интензитетот на сообраќај на државните патишта, на границите нема подолги задржувања

АМСМ: Умерен интензитетот на сообраќај на државните патишта, на границите нема подолги задржувања

Скопје, 13 септември 2025 (МИА) -  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува Автомотосојузот. 

АМСМ потсетува дека вчера (12 септември) почнати се градежни активности за санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти - Мелнички Мост, поради што се воспоставува привремена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

 

 

 

Остани поврзан