• петок, 05 декември 2025

АМСМ: Товарниот сообраќај кон граничен премин Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел

АМСМ: Товарниот сообраќај кон граничен премин Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел

Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - Денеска, од 11:44 часот, товарниот сообраќај кон граничен премин Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ир/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан