АМСМ: Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје - Велес, кај Башино Село
- Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје - Велес и се одвива по двете коловозни ленти, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради одрон на левата коловозна лента на автопатот Скопје - Велес, по патарината Сопот, пред тунелите на Башино Село, сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) - Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје - Велес и се одвива по двете коловозни ленти, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради одрон на левата коловозна лента на автопатот Скопје - Велес, по патарината Сопот, пред тунелите на Башино Село, сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/вг/
Фото: МИА архива