• недела, 22 декември 2024

Ампева: Земјата нема инфраструктура за увоз на странски работници

Ампева: Земјата нема инфраструктура за увоз на странски работници

Штип, 20 март 2023 (МИА) - Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров во интервју за МИА откри дека неколку Агенции нудат странски работници на македонските компании.

-За време на пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат колективно  работниците, ова важи апсолутно за сите. Значи не само во текстилната индустрија и во останатите, но во текстилната особено кога беа отпуштани жени кои користеа мерки или беа дома. Сега нема работници и ќе увезуваме од Непал, вели Ампева.

Таа забележува дека изминатите години македонските  работници си заминаа поради условите за работа и висината на платите, а трендот на иселување на работоспособното население продолжува. вдј/дма/

 Фото: МИА архива

Остани поврзан