Аморим за Фернандеш: Тој е пример за соиграчите, работи навистина напорно
- Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека е од витално значење за тимот, играчот од средниот ред Бруно Фернандеш да остане во клубот.

Манчестер, 27 јули 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека е од витално значење за тимот, играчот од средниот ред Бруно Фернандеш да остане во клубот.
Според „ESPN“, 30-годишниот Португалец бил интересен за Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
- Тој е наш лидер, тоа е навистина важно. Не само на теренот, туку и надвор од него. Тој води како пример со својот живот. Работи навистина напорно. Секогаш е достапен. Понекогаш игра со болка. Проблемот е што понекогаш се фрустрира, а понекогаш губи малку концентрација во својата работа. Толку многу сака да им помогне на своите соиграчи што понекогаш тоа не е најдоброто нешто што може да се направи. Бруно мора да чека топка во различни ситуации. Во тие ситуации, тој е лидер, но му е потребна помош. И ќе ја добие, изјави Аморим по пријателскиот натпревар со Вест Хем (2:1).
Фернандеш ги постигна двата гола за Манчестер јунајтед на овој натпревар.
Португалецот постигна 19 гола и имаше 19 асистенции во 57 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања во сезоната 2024/25. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2027 година. Тој е во Манчестер јунајтед од јануари 2020 година. зс/
Фото: ЕПА