Аморим за ремито со Лидс: Треба уште многу да работиме
- Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги искажа впечатоците за пријателскиот натпревар со Лидс (0:0).

Манчестер, 20 јули 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги искажа впечатоците за пријателскиот натпревар со Лидс (0:0).
- Имавме некои тешкотии кога се обидовме да притиснеме високо, а противникот ја шутираше топката напред и ја освојуваше по одбиени напади. Во такви моменти беа опасни. Ни недостасува брзина, особено во централната зона, и тоа се чувствуваше. Тешко се поврзувавме со напаѓачите, но сепак успеавме да создадеме шанси. Сè уште имаме многу работа, но ова беше прв тест во натпревар против тим од Премиер лигата. Добар тест. Навивачите заслужуваат повеќе во секој аспект, и ние ќе им го дадеме тоа. И ќе бидеме поблиску до нив, како што треба да биде Манчестер јунајтед, истакна Аморим за официјалниот веб-сајт на клубот.
Раководството и навивачите на Манчестер јунајтед очекуваат многу подобра сезона од изминатите неколку и конечно враќање помеѓу најдобрите во англискиот фудбал. зс/
Фото: ЕПА