• среда, 27 ноември 2024

Амонијак истече од фабриката за вештачко ѓубриво во близина на украинскиот град Суми

Амонијак истече од фабриката за вештачко ѓубриво во близина на украинскиот град Суми
Киев, 21 март 2022 (МИА) - Гувернерот на украинскиот регион Суми, Дмитро Жовоцки, утринава објави дека дошло до истекување  амонијак од хемиска фабрика во градот Суми на североистокот на земјата. Според него, се верува дека загрозената област е во радиус од 2,5 километри и дека граѓаните треба да се засолнат во засолништа и подруми. Живицки на својот канал Телеграм објави дека пријавил истекување амонијак од фабриката Сумикимпром во 4:30 часот по локално време. Тој додаде дека итните служби се на терен и дека поради правецот на ветрот, градот Суми со околу 250.000 жители не е под непосредна закана. Станува збор за фабрика што произведува широк асортиман хемиски ѓубрива. паг/

Остани поврзан