• недела, 22 декември 2024

Амнести интернешнл го повика Пакистан да го запре протерувањето на авганистанските жени

Амнести интернешнл го повика Пакистан да го запре протерувањето на авганистанските жени

Лондон, 28 март 2024 (МИА) - Амнести интернешенел го повика Пакистан да го запре протерувањето на стотици илјади авганистански девојки и жени назад во Авганистан.

„Депортирањето на авганистанските бегалци од Пакистан ќе ги стави жените и девојчињата во уникатен ризик“, напиша канцеларијата на Амнести во Јужна Азија на Платформата Икс.

Нивното барање доаѓа во пресрет на почетокот на новата фаза на протерување на авганистанските бегалци од соседен Пакистан. Исламабад планира да депортира околу 850.000 бегалци во Авганистан следниот месец, освен ако не се предадат доброволно.

Од октомври минатата година тие веќе протераа половина милион Авганистанци од Пакистан кои немаа соодветни документи за престој во земјата.

„Присилното враќање сериозно ги ограничува нивните права на образование, работа, движење, а во некои случаи ги изложува на непосредна закана од насилство“, велат од Амнести.

„Владата на Пакистан мора да ги запре сите депортации и да преземе афирмативна акција за да се осигура безбедноста на жените и девојчињата бегалци“, се додава во објавата на АИ. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан