Американски законодавци со остри критики за иницијативата на Трамп за прекин на огнот во Украина
- Неколку истакнати американски законодавци остро ја искритикуваа иницијатива на претседателот Доналд Трамп за прекин на огнот во Украина, предупредувајќи дека таквите потези само го охрабруваат рускиот претседател Владимир Путин.
Вашингтон, 25 април 2025 (МИА) Неколку истакнати американски законодавци остро ја искритикуваа иницијатива на претседателот Доналд Трамп за прекин на огнот во Украина, предупредувајќи дека таквите потези само го охрабруваат рускиот претседател Владимир Путин.
Сенаторот Мајкл Бенет, демократ од Колорадо, изјави дека Украина го прифатила 30-дневниот прекин на огнот предложен од Трамп во март, но истакна дека Путин ја одбил иницијативата и продолжил со својата агресија.
-Путин го одби тоа и продолжува да ја бомбардира Украина – вклучително и со денешниот напад врз Киев, најсмртоносниот напад врз градот за цела година, напиша Бенет на Икс синоќа. „Русија е пречка за мирот, а не Украина“, додаде тој.
Претставникот Џејсон Кроу, демократ од Колорадо, изрази слична загриженост за ескалацијата.
-Ден по изјавата на Претседателот дека Украина треба да се откаже од својата земја, Владимир Путин започна еден од најголемите напади врз Киев.
Кроуј предупреди за опасноста од тоа да се попушта на авторитарните лидери велејќи: „Ова се случува кога ќе му попуштиш на диктатор. Путин ќе земе колку што може пред било каков ‘договор’ – а прашање е дали ќе застане таму“.
Сенаторот Шелдон Вајтхаус од Роуд Ајленд беше уште подиректен во својата критика, осврнувајќи се на неодамнешните изјави на Трамп.
-'Мислам дека имаме договор со Русија,' самоуверено им рече Трамп на новинарите од Белата куќа синоќа“, напиша Вајтхаус на X. „И мислам дека тој договор е 'остави ja Украина на цедило.'“
Координираната критика од страна на законодавците ја нагласува растечката загриженост во Вашингтон околу последиците од пристапот на администрацијата кон војната во Украина. Многумина предупредуваат дека отстапките што Трамп ги прави нема да доведат до мир, туку ќе поттикнат уште поголема агресија од страна на Путин. кб/