• четврток, 04 декември 2025

Американски војник загина при подготовка за воена вежба во Унгарија

Американски војник загина при подготовка за воена вежба во Унгарија

Будимпешта, 8 јуни 2025 (МИА) - Американски војник загина за време на подготовките за претстојната воена вежба „Saber Guardian 25“ во Унгарија, соопшти американската армија, а пренесе Си-Би-Ес њуз.

Загинатиот е 24-годишниот Арон Кокс од Мабанк, Тексас, припадник на 101. воздушнодесантна дивизија. Тој загинал на 5 јуни во несреќа поврзана со воена опрема во близина на базата „Крофт“. Командата на дивизијата соопшти дека Кокс добил смртоносни повреди при судир со воено возило. Се спроведува истрага за инцидентот.

Кокс ѝ се приклучил на американската армија во 2021 година и ова му била втора меѓународна мисија, по претходната во Полска во 2022 година.

Во март годинава, четворица американски војници загинаа во Литванија при обид да извлечат заглавено возило во мочуриште во близина на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан