Американски воен авион со депортирани мигранти слета во Гватемала, трет за една недела
- Американски воен авион со мигранти депортирани како дел од кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп против илегалната имиграција слета во Гватемала, соопштија двајца американски претставници.
Гватемала, 28 јануари 2025 (МИА) - Американски воен авион со мигранти депортирани како дел од кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп против илегалната имиграција слета во Гватемала, соопштија двајца американски претставници.
Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, не дадоа повеќе детали.
Ова е трет лет кој успешно слета во Гватемала откако војската започна со летови за депортација минатата недела.
Гватемала засега е единствената земја која прими воен авион со мигранти.
Тоа е првиот лет откако Трамп се закани дека ќе воведе царини и санкции за Колумбија поради одбивањето да прифати воени летови со депортирани лица како дел од неговата широка имиграциска политика.
Белата куќа објави дека Колумбија конечно се согласила да ги прифати мигрантите и дека Вашингтон нема да ги спроведе заканите со санкции. мс/
фото: МИА архива